Новото истражување носи загрижувачки податоци за иднината на цивилизацијата. Се започна со сторијата која беше објавена пред повеќе од 40 години (1970) со наслов „Светот е на пат кон катастрофа“.
Во истражувањето се наведени и вкрстени бројни податоци како количината на произведената храна, популацијата или индустриското производство, а се укажува на тоа дека во 2030 година не чека целосен колапс на економскиот систем.
Нова анализа на податоци и споредба со првото истражување направија научниците на МИТ, со помош на компјутерска симулација. Тие развија неколку можни сценарија.
Доколку сегашниот конзумеристички тренд продолжи, нема да може да се избегне колапсот на економијата, опаѓање на светската популација и сериозни глобални проблеми како војни и локални судири.
Природата едноставно не може да обезбедни доволно ресурси за тој раст и тогаш е неминовно тоа да се случи дури во 2030 година.
Научниците тврдат дека е можно и второ сценарио кое ќе ја сочува планетата и луѓето, но со значајни промени на правната регулатива, ефикасна индустрија и штедлива економија.
Елена Георгиевска