Козио: САД е агресорот, Куба е подготвената за одбрана

Од:

Во случај на воен напад од страна на САД, Куба има намера да го искористи своето „легитимно право на самоодбрана“, изјави денес кубанскиот заменик-министер за надворешни работи Карлос Фернандез де Козио.

Де Козио изјави на платформата X дека се во тек „антикубански напори“ за оправдување на воената агресија против Куба.

„Антикубанските напори за оправдување, без никаков изговор, на воената агресија против Куба се интензивираат од час во час, со сè поневеројатни обвинувања. САД е агресор. Куба, како нападната земја, се повикува на своето право на самоодбрана“, рече Де Козио во објава на платформата X.

Неговата изјава следеше по извештајот на американскиот портал Axios за наводните подготовки на социјалистичката островска нација за употреба на беспилотни летала против американски цели во случај на напад.

„Аксиос“ објави, повикувајќи се на разузнавачки информации, дека Куба набавила повеќе од 300 воени дронови и дека неодамна почнала да разгледува планови за нивно користење за напад врз американската база во заливот Гвантанамо, американските воени бродови и потенцијално врз Ки Вест, Флорида, кој е оддалечен само околу 170 километри од Хавана.

Би можело да ве интересира

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори