Ковид-19: Во Италија заразени 2000 деца и малолетници, апел да продолжи имунизацијата

Од:

Меѓу заразените со коронавирус во Италија има околу 2000 деца и малолетници, од кои околу 60 се хоспитализирани. Меѓу заразените има и 44 новороденчиња.

Претседателот на италијанското здружение за педијатрија Алберто Вилани, на редовната прес-конференција на Цивилната заштита, соопшти дека и во време на епидемија на коронавирус, неопходно е децата да се вакцинираат согласно календарот за имунизација.

– Секој процес на вакцинација може и мора да продолжи. Па дури и уште позасилено во овој период. Сите оние кои треба да се вакцинираат на есен, да се подготват и тоа и да го направат. Никогаш, како оваа година, нема да биде толку важно да се вакцинираат децата, потенцира педијатарот Вилани.

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија