Ковид-19 е опасен за повозрасните и болните, децата оздравуваат

Од:

Кина го објави првото обемно истражување за Ковид-19, според кое најголемиот ризик постои за возрасните и болните луѓе.

Во извештајот се нагласува дека меѓу децата нема жртви.

Крвната плазма од поранешни пациенти, кои биле заразени со новиот коронавирус, содржи антитела, кои може да придонесат за намалување на неговата количина кај пациенти во тешка состојба.

– Би сакал излекуваните да донираат крвна плазма. Тоа ќе им даде надеж на пациентите, чија состојба е сериозна, изјави експертот Го Јанхун.

– На 11 пациенти, хоспитализирани во Вухан, од каде што почна епидемијата, минатата недела им беше дадена крвна плазма, прецизира Сун Јанжун од Центарот за биолошки истражувања при Министерството за наука и технологија на Кина. – Еден од нив веќе се е пуштен од болница, а останатите успешно закрепнуваат.

Според последните бројки, од Ковид-19 досега починале 1.900 лица, а 72.500 се заболени.

Официјален Пекинг нагласи дека во последните денови е регистриран пад на нови случаи, што значи дека жариштето е под контрола.

Сепак, шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека тенденцијата „треба да се толкува многу внимателно“.

– Тенденциите можат да се променат. Рано е да се каже дали тој регистриран пад ќе продолжи. Секое сценарио се уште е на маса, истакна тој.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон планирал напад на холандската фабрика за вакцини против корона

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска