Корсија: Никој не може да се согласи со Нетанјаху

Од:

Главниот рабин на Франција, Хаим Корсија, како одговор на критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон Франција, која ја обвини за антисемитизам, рече дека „никој не може да се согласи со Нетанјаху“.

„Може да се каже дека не го направивме она што беше потребно, но решителноста на францускиот претседател во борбата против антисемитизмот отсекогаш била апсолутна. Она што му го кажа на Нетанјаху е начин да се каже дека не ја разбираме сериозноста на прашањето, но сериозноста е присутна“, рече Корсија.

Тој оцени дека антисемитизмот „експлодирал“ по нападот на Хамас на 7 октомври, објави BFM TV.

Оваа реакција на францускиот главен рабин доаѓа по неодамнешната изјава на израелскиот премиер дека повикот на Франција за признавање на државата Палестина „ги разгорува пламените на антисемитизмот“.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

ВИДЕО: Нетанјаху вели дека војната против Иран е на половина

ВИДЕО: Жесток американско-израелски напад врз Исфахан

Катерина Ѓуровски

Европа е загрижена – Израел донесе закон за смртна казна

А1он

Над 6.000 повредени во Израел