Коронавирусот однел повеќе американски животи од Првата светска војна

Од:

Бројот на смртни случаи од болеста Ковид-19 во САД денес го надминал бројот на жртви кои земјата ги дала во Првата светска војна, јавуваат американските медиуми.

Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани 740 смртни случаи и 23.351 заразен, а деновиве дневно има по околу 20.000 заразени.

Според податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД од Ковид-19 досега веќе починале 116.963 луѓе, додека за време на Првата светска војна, загубите на САД биле 116.516 луѓе.

Научниците, сепак, укажуваат дека двете цифри можеби не ја отсликуваат реалната слика на бројот на жртви како од Ковид-19 така и за време на Првата светска војна, но и дека е извесно оти бројот на животи кои ќе ги однесе вирусот на крајот ќе биде поголем.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД