Корбин: Предлозите на Џонсон се нереални и штетни

Од:

Лидерот на лабуристите, Џереми Корбин, го критикуваше планот на британскиот премиер Борис Џонсон за Брегзит, нарекувајќи ги неговите предлози „нереални и штетни“.

– Постојните предлози ќе и наштетат на целата економија во Велика Британија, особено на Северна Ирска и ќе го нарушат договорот меѓу Северна Ирска и Велика Британија, рече Корбин, јави Би-Би-Си.

Корбин додаде дека со предлозите се отфрла каква било форма на царинска унија, нешто што го бара секое деловно и индустриско тело во Велика Британија и секој синдикат.

-Тие сакаат да ги отфрлат стандардите на ЕУ за работничките права, регулативи и потрошувачки стандарди и да им дадат на работниците пониски плати и полоши услови за работа да се справат со конкуренцијата, рече лидерот на лабуристите.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он