Досегашниот генерален секретар на Комунистичката партија на Виетнам (ДЦВ). Нгуен Пу Тронг на партискиот Конгрес, што започна во понеделникот, денеска повторно е избран на највисоката партиска функција, што значи дека тој останува и на чело на државата.
Нгуен Пу Тронг (72) е на чело на партијата од 2001 година, а во последниот петгодишен мандат беше поборник Виетнам да ги успори економските реформи и да не отстапува од политиката според која Кина е најголемиот сојузник на земјата.
Од врвот на партиската структура отпадна сегашниот премиер Нгуен Тан Дунг, а тоа значи дека по 10 години на чело на Владата тој ќе биде сменет од таа функција.
Нгуен Тан Дунг (66) се сметаше за главен ривал во битката за раководство со партијата и државата, но по повеќедневните преговори пред Конгресот беше познато дека тој ќе се повлече, а неговата одлука ќе биде прифатена од делегатите со консензус.
Покрај Нгуен Тан Дунг во новиот Централен комитет на Комунистичката партија на Виетнам ги нема ни 23 други досегашни членови, кои се сметаат за негови поддржувачи и истомисленици.