„Конвојот на слободата“ пристигна во Брисел, уапсени неколку лица

Од:

Неколку илјадници лица дел од протестот против антиковид мерките пристигнаа во Брисел, каде нивниот протест е забранет, неколку лица се уапсени според полицијата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Не се забележани никакви инциденти, лицата кои пристигнаа од Франција во текот на ноќта во рамките на протестот “Конвој на слободата“, се наоѓаат на повеќе места низ Брисел. Сепак полицијата уапсила неколку лица кои пренесувале ножеви и друго забрането бело оружје.

Голем број улици беа затворени во текот на денот, во моментов само населбата околу институциите на ЕУ останува затворена со присуство на полиција.

Полицијата и натаму е присутна низ градот и редовно ги контролира возилата. Граѓаните се повикани да не излегуваат со своите автомобили во текот на денешниот ден, бидејќи протестот е забранет.

Низ градот може да се забележи присуство на неколку возила кои ги носат обележјата на Конвојот, но нивното присуство не е масовно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Пукање во центарот на Брисел: Четири лица се повредени

Горан Наумовски

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел

ВИДЕО: Терористот од Брисел е мртов

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Терористот од Брисел застрелан во кафуле, не се знае дали преживеал

Катерина Ѓуровски