Конвој на ИД се движи кон источна Сирија, по договорот со Либан

Од:

Конвој возила со борци на терористичката група Исламска држава и нивни блиски, согласно договорот со Либан, се прибилижуваат до пунктот за размена во источна Сирија, од каде што ќе бидат префрлени во област контролирана од ИД, објави медиумот на движењето Хезболах, пренесува БТА.

Конвојот автобуси и комбиња вчера ја напушти либанско-сириската граница придружуван од возила на сириските воени сили, по стапувањето во сила на договорениот прекин на огнот, коешто се случи завчера.

Договорот стави крај на еднонеделната офанзива на либанската Армија и Хезболах, од една страна, и на сириски трупи, од спротивната, во планинска енклава на ИД по границата меѓу Либан и Сирија.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка