Контроверзниот дански изборен филм повлечен поради сексизам

Од:

Еден анимиран филм во данската предизборна ЕУ-кампања покажува супер херој кој буквално со боксување и тупаници ги внесува избирачите на гласачките места, а потоа ни најмалку не се премислува легнувајќи во свилена постела со неколку жени за да води љубов со орален секс.

Со овој филм, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, кој под наслов „Гласач“ беше лансиран на Интернетот неделава, данскиот Парламент-Фолкетинг се надевал дека ќе ги привлече младите полнолетни избирачи, кои годинава првпат имаат можност да гласаат на изборите за пратеници во Европарламентот.

Емитувањето на филмот било одобрено од страна на претседателот на Фолкетингот, Могенс Ликетофт, но други пратеници истапиле со жестоки реакции поради споменатиот филм, со обвиненија дека станува збор за сексизам и сексулана дискриминација, и поттикнување на насилничко однесување.

Со оглед на многуте реакции Ликетофт вчера беше принуден да се извини поради тоа што многумина го доживеале изборниот рекламен филм на непријатен начин.

Филмот „Гласач“ сега е официјално повлечен, но, како што јавија дански медиуми, се уште го има на „Јутуб“.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ