Контролор на лет во Индонезија се жртвувал за да спаси стотина патници

Од:

Бројот на загинати во силниот земјотрес и цунамито во Индонезија во неделата се искачи на 832, а луѓето на погодениот остров Сулавеси се обидуваат да дојдат до храна и вода. Случаите на грабежи стануваат се почести, а во одредени области се зголемува тензијата бидејќи оттаму се уште нема никакви информации.

Индонезискиот заменик-претседател Јусуф Кала, повикувајќи се на слични претходи катастрофи, рече дека можно е да настрадале илјадници и илјадници луѓе.

Во морето на тажни приказни во врска со катасрофата во Индонезија, има и една тажна, но на прекрасен начин. Гунаван Агунг, 21-годишен контролор на летање, во петокот го жртвувал сопствениот живот со цел да го осигура полетувањето на патнички авион кој превезувал стотина патници од погодениот крајбрежен град Палу, објави Би-би-си.

Агунг во текот на земјотресот со јачина од 7,5 степени одлучил да остане во контролната кула на аеродромот во Палу, иако ѕидовите почнале да пукаат и целата зграда се закосила. Агунг го насочувал летот 6321 на Батик Ер за време на полетувањето и не сакал да избега додека стотина животи биле во опасност.

„Оваа несебична и херојска одлука, Агунг го чинеше живот, но со ваквиот чин тој спаси стотина други животи“, рече Јоханес Сираит, портпарол на воздухопловната навигација на Индонезија.

Откако авионот полетал од пистата, Агунг скокнал од четвртиот кат мислејќи дека кулата ќе се урне од потресот. При падот ја скршил ногата и добил сериозни внатрешни повреди од кои починал.

Земјотресот не ја урнал кулата, но тешко ја оштетил и уништил дел од пистата во должна од 250 метри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени