Консултации во Брисел за името на новиот чешки еврокомесар

Од:

Поради неуспешниот обид на коалициските партнери во чешката Влада да се договорат за кандидат за комесар на ЕУ од земјата, чешкиот премиер Бохуслав Соботка побара за тоа да се консултира со новиот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Средбата, ќе се одржи денеска во 13.00 часот, во Брисел, јави дописникот на МИА од Прага.

Новиот чешки претставник во Европската комисија ќе се избира меѓу тројцата кандидати, Павел Мертлик, Јарослав Фалтинек и Вера Јоурова.

– Би сакал при консултациите да ги разгледаме можностите и потенцијалите на кандидатите и со одредена флексибилнист ќе можеме да се согласиме со господинот Јункер, изјави Соботка додавајќи дека без бриселски консултации изборот би бил ,,правење сметка без гостилничар”.

Според аналитичерите, неможноста на Чешка да истакне јасен кандидат за еврокомесар, може да ја ослабне позицијата на земјата.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски