Конгресот на САД близу до договор за закон за санкции против Русија

Од:

Американскиот Конгрес е блиску до постигнување договор за нацрт-законот кој предвидува нови економски санкции против Русија, изјави влијателниот демократски сенатор Боб Менендез и се закани со „сериозни последици“ за Москва доколку ја нападне Украина.

Според него, некои санкции би можеле веднаш да бидат воведени поради она што Русија веќе го направила, како што е, како што наведе, кибер-напад врз Украина.

На прашањето на Си-Ен-Ен за работата меѓу демократите и републиканците за новите санкции против Москва, Менендез, кој е претседател на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, рече дека се блиску до договор и се надева дека успешно ќе го склучат.

– Неспорно е дека постои неверојатна решеност кај двете страни да ја поддржат Украина и да има тешки последици за Русија доколку изврши инвазија, рече Менендез.

Иако зборуваат за единство по основа на санкциите против Русија, републиканците и демократите се повеќе поделени кога станува збор за нивното стапување во сила, коментираат локалните медиуми.

Републиканците се за превентивни мерки за инвазијата, додека демократите сакаат санкциите да се сметаат како закана во случај на руска офанзива против Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Не ме интересира ставот на ЕУ за Украина, имаме „нормални“ разговори со американски претставници

Русија има цел список со услови за примирје

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

Русите зазедоа големи упоришта на вооружените сили на Украина

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси