Конгресот на Никарагва вчера со големо мнозинство го усвои законот, со кој се регулира тоа што може да се објави на социјалните мрежи и во вестите, а критичарите го осудија како дрзок обид на претседателот Даниел Ортега за задушување на опозицијата.
Според така наречениот закон за киберкриминал можат да се изречат затворски казни до четири години за сите кои би биле прогласени за виновни за објавување на лажни вести на социјалните мрежи или во вестите.
Лицата кои би откриле податоци неодобрени од Владата се соочуваат со затворска казна од четири до шест години, додека за луѓето кои ќе откријата информации што ја загрозува националната безбедност предвидена е казна затвор и до осум години.
Се очекува Ортега да го потврди законот. за кој гласаа 70 од 91 претставник во Конгресот.
Изгласувањето на законот предизвика критики од опозицијата и медиумските организации, оценувајќи дека со таков закон се криминализира новинарството.
Додека приврзаниците на Ортега во Конгресот сметаат дека со законот се регулираат кибер, сексуалните и финансиските злосторства, како и ширењето на лажни информации. Тие тврдат дека слободата на изразување е регулирана со Уставот на Никарагва.