Конгресмени го повикаа Бајден да ја смени одлуката за „Северен тек-2“

Од:

Група американски законодавци повикаа претседателот Џо Бајден да ја смени одлуката за делумно укинување на санкциите во однос на рускиот гасоводен проект „Северен тек-2“, изјавувајќи дека одлуката противречи на „интересите на националната безбедност на САД“.

-Тврдо сме убедени дека заштитата на суверенитетот на Украини и оградувањето на источното крило на Европа од руската агресија е во интерес на САД, истакнаа копретседателите на украинската група членови на Конгресот во заедничка изјава објавена синоќа.

Тие, исто така, ја истакнаа неопходноста од „ограничување на погубното влијание на енергетскиот притисок на Русија во Европа“ и да се „спречи злонамерните играчи да шират стратешка корупција во Европа за да се заштити интегритетот на демократските институции и трансатлантските односи“.

Повикот е потпишан од членовите на Претставничкиот дом, Марси Каптур, (демократ од Охајо), Енди Харис (републиканец од Мериленд), Мајк Квигли (демократ од Илиноис) и Брајан Фицпатрик (републиканец од Пенсилванија).

Администрацијата на Бајден завчера наложи санкции против неколку компании и пловила за учество во изградбата на гасоводот, но ги укина санкциите за „Северн тек-2 АГ“, компанија оператор на проектот, и за нејзиниот генерален директор Матијас Варниг.

Би можело да ве интересира

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“