Кон тужбата против Ишгл се приклучуваат 4.000 германски туристи, заразени со Ковид-19

Од:

Околу 4.000 германски туристи кои се заразиле со коронавирусот се приклучија кон тужбата на Здружението за заштита на потрошувачи (ВСВ) против австрискиот скијачки центар Ишгл.

На властите на Ишгл и на покраината Тирол им се забележува дека свесно реагирале доцна на избувнување на инфекција на коронавирус и дека се обиделе да ја прикријат опасноста за да ја продолжат сезоната на скијање.

Според „Дојче веле“, 4.000 Германци кои се заразиле во градот, се приклучиле на колективната тужба.

Претседателот на ВСВ Питер Колба, поднесе пријава до Обвинителството во Тирол, кое мора да го испита случајот и да одлучи дали постои основа за обештетување на засегнатите.

Колба потенцира дека имало финансиски и политички мотиви да се одложи, што е можно повеќе, прекинот на сезоната на скијање.

– Економските причини се јасни. Треба само еднаш да се запрашаме колку пари му носи еден ден скијање на Ишгл. Врз основа на ова, може да се замисли некој да побара продолжување на сезоната за уште два дена, рече Колба.

Претходно беше соопштено дека Австрија се соочува со групна тужба од околу 2.500 туристи, поради лошиот пристап за време на пандемија на коронавирусот, во популарниот австриски скијачки центар Ишгл во Тирол. Скијачкиот центар Ишгл е веќе под истрага од локалните власти во Инсбрук, откако стотици случаи биле поврзани токму со тој скијачки центар.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

ВИДЕО: Партијата формирана од нацисти победи во Австрија, правењето влада ќе биде тешко

Катерина Ѓуровски

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски