Комитетот на Конгресот на САД препорача кривичен прогон за Доналд Трамп

Од:

Конгресниот комитет кој го истражуваше минатогодишниот упад во американскиот Капитол денеска издаде препорака за поднесување кривична пријава против поранешниот претседател Доналд Трамп.

Телото едногласно побара од Министерството за правда да го гони Трамп, заради постоење основани сомненија дека сторил неколку кривични дела – поттикнување бунт, попречување официјална постапка, заговор за измама и давање лажни изјави.

-Комитетот обезбеди значајни докази дека претседателот Трамп имал намера да ја наруши мирната транзиција на власта според нашиот Устав, рече претставникот Џејми Раскин додека ги изложуваше наодите на панелот.

-Веруваме дека доказите опишани од моите колеги денеска и собрани во текот на нашите сослушувања, гарантираат кривично гонење на поранешниот претседател Доналд Џеј Трамп, рече Раскин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Првата реакција на Украина по нападот од Трамп: Ќе го браниме нашето право да постоиме

Трамп жестоко му се нафрли на Зеленски: „Скромен комичар, диктатор кој одбива избори“

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ