Комисијата за разузнавање ги побара од Белата куќа записите од разговори меѓу Трамп и Коми

Од:

Комисијата за разузнавање во Претставничкиот дом на САД, која е задолжена за истрага во врска со руската вмешаност во американските претседателски избори, соопшти вчера дека испратила писмо до поранешниот шеф на ФБИ, Џејмс Коми, со кое ги побарале сите документи поврзани со разговори со претседателот Доналд Трамп.

Републиканскиот конгресмен Мајк Конвеј и неговиот демократски колега Адам Шиф, исто така, истакнаа дека му пишале на правниот советник на Белата куќа, Дон Макган и го прашале дали постојат записи за разговорите меѓу Коми и Трамп. Доколку постојат, конгресмените побрале копија од материјалите да и биде доставена на Комисијата до 23 јуни.

Трамп демантираше дека барал од Коми да ја прекине истрагата против поранешниот претседателски советник за национална безбедност Мајкл Флин, нагласувајќи дека е „100 проценти“ подготвен да ја каже под заклетва својата верзија за разговорите со Коми.

Поранешниот шеф на ФБИ го обвини американскиот претседател дека го сменил од функцијата за да ја спречи истрагата за руската вмешаност во изборите во САД минатата година, а потоа излажал околу причините за отказот.

Трамп одби да потврди дали постојат записи од негови разговори со Коми, но истакна дека наскоро ќе има што да каже по тоа прашање, додавајќи дека новинарите ќе бидат разочарани од одговорот.

Би можело да ве интересира

Трамп укинува 1.600 работни места во УСАИД

Русија не ја прифаќа идејата на САД за брз прекин на војната

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина