Комесарката на ОН за човекови права загрижена заради користењето на шпионскиот софтвер „Пегасус“

Од:

Откритијата во врска со очигледната употреба на софтверот „Пегасус“ за шпионирање на новинари, заштитници на човековите права, политичари и други во различни земји се крајно загрижувачки и се чини дека ги потврдуваат некои од најлошите стравувања од можна злоупотреба на технологијата за надзор за незаконско кршење на човековите права, изрази загриженост Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Башелет, за употребата на софтверот на израелската НСО.

Истрагата спроведена од меѓународен медиумски конзорциум, темелена на протечени информации и податоци, обезбеди дополнителни докази за употребата на софтверот „Пегасус“ за шпионажа. Софтверот „Пегасус“ може да ја следи не само целата комуникација на мобилен телефон, туку и да го пренесува тоа што го прикажува камерата на телефонот.

Бачелет изјави дека употребата на тој и слични софтвери „може да се оправда само во истраги на сериозни злосторства и во случај на големи безбедносни закани, бидејќи тие овозможуваат длабока инвазија на уредите, што резултира со увид во сите аспекти од нечиј живот“.

-Доколку обвинувањата за употреба на софтверот „Пегасус“ се делумно точни, тогаш таа црвена линија е пречекорена со целосна неказнивост, додаде високата комесарка на ОН.

Од списокот на повеќе од 50.000 мобилни телефонски броеви добиени од париската непрофитна органзиација „Забранети приказни“ и Амнести Интернешнл и споделени со 16 медиумски организации, новинарите идентификуваа повеќе од 1.000 лица во 50 земји, наводно избрани од клиенти на НСО за потенцијален надзор.

Меѓу нив има 189 новинари, повеќе од 600 политичари и владини службеници, најмалку 65 менаџери, 85 активисти за човекови права и неколку шефови на држави, наведува „Вашингтон пост“, членка на меѓународниот конзорциум. Медиумските куќи за кои работат новинари се Асошиетед прес, Ројтерс, Си-Ен-Ен, Волстрит журнал, Ле Монд и Фајненшл тајмс.

Амнести соопшти дека нејзините форензички истражувачи откриле дека „Пегасус“, водечкиот шпионски софтвер на НСО, бил успешно инсталиран на телефонот на турскиот новинар Хадија Ченгиз, свршеница на убиениот новинар на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, само четири дена откако беше погубен во саудискиот конзулат во Истанбул 2018 година, Компанијата претходно беше доведена во врска со шпионирањето на Кашоги.

Групата НСО негираше дека некогаш имала таков „список на потенцијални, минати или сегашни цели“ и изјави дека извештајот на групата „Забранети приказни“ е „полн со погрешни претпоставки“.

Би можело да ве интересира

Отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година

Предраг Петровиќ

Извештај на Европарламент: Во ЕУ широко се користел софтверот „Пегаз“ за шпионирање свои граѓани

Ана Ололовска

Распишан четвртиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2022

Ана Ололовска

Доделување на наградата „Пегаз“ и промоција на победничкиот роман „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков

Ана Ололовска

Израел не и дозволи на Украина да го купи Пегаз поради страв од Русија

А1он

Макрон нареди да се отворат серија истраги околу шпионскиот софтвер „Пегаз“

Жарко Настоски