Командантот на Хезболах, Бадредин убиен во експлозија во близина на аеродромот во Дамаск

Од:

Воениот командант на Хезболах Мустафа Бадредин е убиен во голема експлозија во близина на аеродромот во Дамаск, соопшти изутрината либанската шиитска групација.

– Информациите од првичната истрага покажуваат дека голема експлозија одекнала на една од нашите позиции во близина на меѓународниот аеродром на Дамаск. Во неа беа убиен нашиот брат, командантот Мустафа Бадредин, а други лица се ранети, се вели во соопштението на Хезболах, пренесува БТА.

Шиитската групација додава дека работи на тоа да ги утврди причините за експлозијата и дали таа е резултат на воздушен, ракетен или артилериски напад.

ДПА претходно јави дека 55-годишниот Бадредин е убиен во вторникот вечерта. Либанската телевбизија Ал Мајадин, пак, соопшти дека тој е убиен во воздушен напад во Сирија, но засега нема потврда од Израел.

Бадредин учествуваше во воените операции на Хезболах од 1982 година е и еден од петмината обвинените од Специјалниот трибунал на ОН за Либан за убиствтото на 2005 година на поранешниот либански премиер Рафик Харири, но не беше изведен пред суд.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца