Колумбија распореди дополнителни 5.000 војници по границата со Венецуела

Од:

Претседателот на Колумбија Иван Дуке објави дека дополнителни 5.000 војници ќе бидат распоредени во реонот на Кататумбо на границата со Венецуела за борба со шверц на дрога и против илегални вооружени групи.

Војниците ќе се спротивставуваат на терористи и организирани групи кои сакаат насилства во тој регион, втор по големина по производство на дрога во Колумбија.

Новите сили ќе бидат заедно со 2.000 војници и полицајци мобилизирани во крајот на април за да им помогнат на шест илјади војници кои го обезбедуваат пограничниот регион со Венецуела.

Колумбија и Венецуела имаат заедничка граница од 2.200 км и меѓусебните односи се замрзнати од поранешниот колумбиски претседател Мануел Сантос.

Би можело да ве интересира

Регионот ја криткува за Венецуела и Мадуро, Брнабиќ одговара: Не ги забораваме пријателите

Предраг Петровиќ

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“