Колумбија го екстрадира во САД последниот голем нарко-бос Даниел Барера

Од:

Колумбија го екстрадира последниот голем нарко-бос Даниел Барера на САД, каде за неговото апсење беше распишана награда од пет милиони долари, соопштија колумбиските власти.

Барера (43) познат како „Лудиот“, беше уапсен минатата година во Венецуела и префрлен во Колумбија. Вчера тој беше предаден на американската агенција за борба со наркотиците (ДЕА), по што со авион е пренесен од Богота во Њујорк.

– Ова е крајот на последниот голем нарко-бос од 80-тите години, изјави директорот на колумбиската полиција генерал Хосе Роберто Леон, на прес-конференција во воздухопловната база на полицијата за борба против шверцот со наркотици.

Барера е еден од најголемите шверцери на кокаин во САД. Вкупното количество кокаин, пренесено од неговата мрежа во САД и Европа се проценува на над 900 тони во периодот од 1992-2012 година.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД