Кокаин на крајбрежјето на Северно море

Од:

На крајбрежјето на Северното море водата исфрли „значајна количина“ на кокаин, соопшти данската полиција.

Поради истрагата на европско ниво, која е во тек, полицијата не соопшти повеќе детали.
Портпаролот на полицијата, Ханс Рост изјави дека е можно дрогата да ја исфрлила морската струја од голема одалеченост и веројатно е наменета за данскиот пазар.

Тој нагласи дека германската полиција пронајде слични пакувања, кои биле спакувани во кеси и кутии.

Не сакаше да ги коментира мислењата на локалните медиуми дека на крајбрежјето на Данска, се наоѓале 100 килограми наркотици.

Би можело да ве интересира

Претрес во Кичево, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

А1он

Претрес во Мала Речица, пронајдена е дрога

Горан Наумовски

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Криминалци од Србија продавале дрога и оружје во Данска, заработиле над два милиони евра

Запленета пратка од 1,7 тони кокаин вреден над 50 милиони долари