Кој е Питер Хигс?

Од:

Питер Хигс, научникот чие истражување од 1960-та година доведе до откривање на спектакуларната „божја честичка“, е роден во 1929-та година во Њукасл.

Тој се изјаснува како атеист, па затоа не е многу воодушевен што неговото откритие ќе се нарекува „божја честичка“.

Поради астмата многу често отсуствувал од училиште и се школувал дома. Растел во Бристол, каде за време на гимназиските денови се истакнал како одличен математичар.

Студирал теоретска физика на Кингс колеџот во Лондон. Потоа се вработил како професор на Универзитетот во Единбург, а истражувањето за „бозонот“ го напишал 1964-та година.

Интересно е дека научниот труд го понудил на списанието „Physics Letters“ од каде го одбиле. Иако уредниците не го разбрале истражувањето, подоцна сепак било објавено.

И покрај значајниот научен труд, тој никогаш не станал славен.

Пријателите за него велат дека е премногу скромен и повлечен. Во пензија отишол 2006-та и од дистанца набљудувал што се случува во ЦЕРН, каде до вчера бил само еднаш во животот.

Има голема колекција од плочи со класична музика и книги за сликарството. Живее во стан во ретро стил од 70-тите години.

Нема компјутер, ниту мобилен телефон. До откритието на векот, дошол со помош на хартија и молив.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата