Кои се обвинети за нападот во Москва? Еден има само 19 години, повеќето се родители

Од:

Русија во неделата обвини четворица мажи вклучени во нападот на Крокус Сити Мол на 22 март во предградието на Москва.

Исламската држава, пак, ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 137 лица, меѓу кои три деца, а беа повредени најмалку 154 лица.

Максималната казна за кривичното дело е доживотен затвор. До завршувањето на судската постапка, на осомничените им е одредена мерка притвор до 22 мај.

Осомничените беа донесени во московскиот окружен суд Басман со големи модринки. Судот ги идентификуваше и официјално ги обвини. Обвинети се Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов. Тројца од нив признаа дека го извршиле нападот.

Далерјон Мирзоев е 32-годишен имигрант од Таџикистан. Пред три месеци ја пречекорил работната виза во Русија. Тој е татко на четири малолетни деца, од кои најстарото има седум години.

Саидакром Рачабализода (28) исто така е роден во Таџикистан. Тој моментално живее во Москва, а неговата точна улога во нападот е под истрага. Оженет е и има дете. Како што се наведува, обвинетиот е невработен и има завршено средно образование. Тој од 6 март е во Русија без работна или каква било друга дозвола. Тој претходно беше протеран од Русија во 2018 година поради кршење на режимот на престој.

Шамсидин Фаридуни (24) е татко на осуммесечно бебе. Работел во фабрика пред да биде вклучен во нападот на на Крокус Сити Мол. Како и другите, Фаридуни е роден во Таџикистан. Тој претходно не бил осудуван.

Мухамедсобир Фајзов е најмлад меѓу осомничените со оглед на тоа што има само 19 години. Претходно работел во берберница во рускиот град Иваново, каде што бил пријавен.

Уапсен е во Брјанската област. На носилки бил однесен во судот, најверојатно поради повредите здобиени при апсењето. Тој нема жена или деца. Само што завршил средно училиште и моментално е невработен. Поради повредите не можел да комуницира, па на прашањата одговарал климајќи со главата. Нему му беше обезбеден и преведувач.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката група Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Чеченецот уапсен за терористичкиот напад во Москва почина во притвор

Горан Наумовски

Осуда од Советот на амбасадори на терористичкиот напад во Москва

Захарова: ИСИЛ не можеше да го изврши масакрот, се знае кој е

Путин: Знаеме кој го изврши теророт, нас не интересира наредбодавецот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објавени снимки на терористите: На едниот му недостасува уво, на другиот око, третиот е во инвалидска количка

Предраг Петровиќ

Медведев: Сите вклучени во масакрот мора да умрат, убијте ги сите

Предраг Петровиќ