Кои се „Граѓани на Рајхот”?

Од:

Дојче веле – Бон

Последните години во фокусот на германската јавност се најдоа и насилни луѓе кои се нарекуваат „Граѓани на Рајхот” (Reichsbürger”). Кои се тие? И колку навистина се опасни?

Тие сметаат дека Германија се уште е подрачје кое го запоседнале сојузничките велесили, т.е. „административната конструкција”. За нив се уште во сила се границите на Германскиот Рајх од 1937 година. Се работи за т.н. „Граѓани на Рајхот” („Reichsbürger”), кои ги „заплиснаа” германските власти со тужби и кои дури употребуваат и насилства.

Се работи за мали групи или поединечни граѓани, главно во Бранденбург, Мекленбург-Ворпомерена и Баварија. Сојузната Република тие не ја признаваат како правна наследничка на Рајхот, а ниту ги признаваат државните институции. Одбиваат да плаќаат данок, основаат сопствени мали „државни региони” кои ги нарекуваат „Втор Германски Рајх”, „Слободна држава Прусија” или „Кнежевство Германија” („Zweites Deutsches Reich ”, „Freistaat Preußen”, „Fürstentum Germaniа”).

Следбениците на тие групи печатат дури и пасоши и возачки дозволи за своите народни државни региони. Произведуваат маици и знамиња, како рекламни средства. „Граѓаните на Рајхот” притоа го игнорираат фактот дека тоа се случува илегално и дека ниту една германска државна институција не го признава тоа. На своите веб страни најавуваат дека ќе ја продолжат „борбата против Сојузната Република”.

Кои се тие?

Според сознанијата на неколку покраински институции за заштита на јавниот поредок, во Германија постојат само неколку стотици „Граѓани на Рајхот”. Во Брандербург нивниот број се проценува на 150 до 200. Повеќето се мажи, во просек постари од 50 години, главно нешто со послаба имотна состојба. Меѓу симпатизерите има многу десни популисти, луѓе кои ги застапуваат антисемитските ставови и нацистичката идеологија. Еден судија во Саска-Анхалта ги нарече „теоретичари на заговори” и „ноторни незадоволници”.

Проблематична е зголемената радикализација на тие групи. Главно се почнува со тоа дека локалните власти „ги затрупуваат” со многу барања, тужби и приговори против некоја одлука или против барањата за плаќање на некое финансиско барање. Независно од содржината на тужбите, германските власти мора да го одработат секое барање кое е поднесено во предвидената форма за тоа.

Градоначалниците на многу општини протестираа бидејќи „Граѓаните на Рајхот” вербално ги напаѓале, покрај тоа што вршат обемна работа поради нивните тужби и дека „Reichsbürger” ги напаѓале дури и физички. Често тие луѓе ги снимале нападите и ги објавувале на интернет.

Во Баварија е документиран еден случај во кој „Граѓаните на Рајхот” упаднале во судница во тек на судење и едноставно ги земале документите од масата на судијата. Во Витенберг нападите веќе довеле до тоа вработените во градското собрание да одат на тренинг за безбедност. Од масите ги отстраниле острите предмети, а ни вратите на судниците повеќе не се отвараат толку лесно како претходно. Во Бранденбург тестирани се системи за итни повици и тоа во даночните канцеларии.

Екстремно насилство

„Reichsbürger” во последно време се често во фокусот поради насилните напади. Во пролетта на еден судски вештак му се заканувале со нож. При една судска расправа во есента во Саска-Анхалт полицијата морала да интервенира за да спречи употреба на оружје. Во Руден еден „Граѓаните на Рајхот” во „Својата држава Ур” пукал на припадниците на специјалните сили. Пукањето и во баварскиот град Георгенсмунд, еден полицаец подлегнал на раните здобиени во акциите во средата на 19.10. Полицијата упаднала во куќата на еден 49 годишен маж кој (илегално) поседувал поголема колична на огнено оружје во својот дом, но властите го прогласиле за „непресметлив”. Тој пукал на полицајците.

Во текот на неколку претреси во други случаи полициските сили пронашле исто така поголема количина на оружје и муниција. Членовите на „Граѓаните на Рајхот” се вооружуваат и понатаму. Во Хокстер (Северна Поранија и Вестфалија) групата „Слободна држава Прусија” со помош на оружје од странство се обиделе да основаат сопствени безбедносни сили.

Идеја втемелена на сопствени безбедносни сили имала и една група („Deutsche Polizei Hilfswerk”) од Мајбен во Саска, која исто така ги дели ставовите како и „Граѓаните на Рајхот”.

Нејзини жртви се полицајци и судии. Надлежниот германски суд на уцените, на лишувањето од слобода и телесните повреди направени од страна на членовите на таа група, реагираше со изречување на затворски казни во траење и до 2,5 години. По новиот инцидент во Баварија, министерот за внатрешни работи во таа сојузна покраина Јоаким Херман, најави дека во иднина полицијата понтензивно ќе ги следи „Граѓаните на Рајхот”.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска