Кога кинеските деца ќе заборават како да пишуваат

Од:

Во Кина потребни се крв, пот и месеци проучување на речниците за да се стане „херој на карактерите“.

Милиони гледачи се вклучуваат секоја недела да гледаат како тинејџери се натпреваруваат за оваа титула. Херој на карактерите е кинеска верзија на „спелинг би“ (шампион во спелување во САД), но во овој натпревар младите учесници мора да ги пишуваат кинеските букви (знаци) рачно. Секој акцент, секоја цртка мора да биде на своето место.

По две тензични круга, Ванг Јилу испадна од натпреварот. Таа се поклони пред комисијата судии составена од познати личности и веднаш излезе од под силните светла во телевизијското студио.

Зад сцената, таа призна дека поминала месеци проучуvајќи ги речниците за да се подготви за натпреварот. Влогот е голем: таа на свои 17 години ја има последната шанса да се појави во шоуто.

– Сакав да се натпреварувам пред да станам престара, ни објасни таа.

Можеби полуларноста на шоуто и не треба да изненадува. Заедно со барутот и хартијата, многу Кинези ја сметаат и кинеската калиграфија за една од најважните придонеси на Кина во човечката цивилизација.

Не постои кинеска азбука. Затоа секој збор се претставува со карактер или збир од два или три карактери.

Познатиот кинески речник соодржи повеќе од 85.000 карактери. Се проценува дека секој ден се користат само околу седум илјади од нив.
Но знаењето како да се напишат овие карактери денес е во опасност.

Низ целата земја Кинезите забораваат како да пишуваат на својот јазик без помош на компјутер.
Софтверот на умните телефони и компјутери им овозожува да чукаат во базичниот тон на зборот со помош на латинската азбука. Исправниот карактер се избира од понудената листа на карактери.

Резултатот е можноста да се препознаат карактери без да запомните како самите да ги пишувате.

Но се уште постои надеж за скормното и вредно пишување со четкичка. Кинеското Министерство за образование бара децата да поминуваат повеќе време за да учат како да пишуваат.

Во едно осново училиште во Пекинг кое го посетивме, учениците секој ден практикуваат калиграфија во специјално украсени училници со традиционални кинески слики кои висат по ѕидовите.

Тивка музика свири додека група шестгодишници ги мацкаат дебелите шетки во црното мастило.

Тие погледнуваат кон таблата за да ги запомнат примерите од наставникот пред внимателно да ги нацртаат овие карактери на тенка хартија од ориз.

Ако возрасните можат да преживеат без да користат пишување на рака, зошто тогаш да се мачиме сега децата да ги научиме, ја прашавме наставничката по калиграфија со наочари, Шен Бин.

– Вештината да се пишуваат карактери е во кинеската култура и традиција, објаснува таа. „Учениците мора да научат како, за да не го заборават тоа кога ќе пораснат“.

Но дури и г-ѓа Шен не може да ги избегне ефектите од модерните технологии.

– Вообичаено е дури и за наставниците како мене да заборавиме некои зборови, признава со смеење наставничката по калиграфија.

– Тука сите заедно се учиме како да пишуваме.

Би-Би-Си – Лондон

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36