Коалициите на Меркел и опозицијата со еднакви шанси пред парламентарните избори

Од:

Десноцентристичката коалиција на германската канцеларка Ангела Меркел и левата опозиција имаат еднаква поддршка во јавноста пред парламентарните избори в недела, покажува денеска обкавената анекта на Институтот „Аленсбах“.

Истражувањето, исто така, покажува дека поддршката за евроскептичката партија Алтернатива за Германија се зголемила за еден отсто во споредба со последната анкета на Институтот од 18 септември, достигнувајќи 4,5 проценти или само половина процент под петпроцентниот цензус за влез во Парламентот.

Според истражувањето, поддршката на конзервативците на Меркел е зголемена од 39 на 39,5 проценти, а на нивниот коалициски партнер, Слободната демократска партија (ФДП) е намалена за половина процент на 5,5 отсто.

Главната опозициска сила, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ја зголемила својата поддршка за еден процент достигнувајќи 27 отсор, а популарноста на нивните сојузници Зелените опаднала за два процента на девет отсто.

Екстремно левата партија Левица (Линкс) останува со непроменета поддршка од девет проценти.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад