Кнесетот усвои вонреден закон за борба против Ковид-19

Од:

Кнсетот денеска усвои вонреден закон со кој и се дозволува на Владата да ги заобиколи парламентарните одбори при донесување на итни одлуки за борба против новиот бран на Ковид-19.

Вонредниот закон е донесен со цел владините одлуки за борба против Ковид-19 да можат веднаш да стапат во сила.

Дел од опозициските пратеници го осудија занемарувањето на законодавците наведувајќи дека тоа е уште еден чекор во поткопувањето на основите на израелската демократија.

Новата одлука е донесена еден ден откако израелската Влада повторно воведе рестриктивни мерки за сузбивање на новиот коронавирус. Забранети се собири и повторно се затворени рестораните, кафулината, театрите, вежбалниците и базените.

Во Израел, по укинување на мерките, се пријавуваат над илјада новозаболени лица дневно.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел