Клинтонови ќе го користат Виетнам и како предизборен адут

Од:

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон вчера и денеска во Ханој имаше средби со генералниот секретар на виетнамската комунистичка партија Нгуен Тронг и претседателот на Виетнам Труонг Тан Санг. Двајцата виетнамски раководители посетата ја окарактеризираа како многу важна за натамошниот развој на добри односи меѓу САД и Виетнам.

Ваквите позитивни тонови, сметаат аналитичариете се засновани на верувањето декаХилари Клинтон има големи шанси да стане иден претседател на САД. Во Виетнам, семејството Клинтон го сметаат за голеи пријатели, особено поради тоа што Бил Клинтон ги обнови дипломатските односи меѓу САД и Виетнам, а како државен секретар Хилари Клинтон направила значајни чекоти кои допринеле за поголема нормализација на односите и зголемување на економската соработка.

Се проценува дека семејството Клинтон во голема мерка како свој адут во предизборната кампања за нов претседател на САД ќе го упоребува и виетнамското прашање. Иако воената интервенција на САД, со пораз и повлекување, заврши во 1.975 година, последиците, особено траумите од оваа војна се важна политичка и социјална тема во државата.

При осетата на Бил Клинтон беше објавено дека претседателот на Виетнам Тан Санг есенва ќе претстојува во САД каде што,покрај другото, ќе биде гостин на Фондацијата Клинтон, која во последниве 10 години имала значаен придонес во економскиот и социјалниот разој на Виетнам.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас