Кличко: Три лица загинаа во рускиот ракетен напад на Киев

Од:

Три лица загинаа во руското ракетирање врз инфраструктурата на Киев, соопшти денеска градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Во соопштението на кабинетот на градоначалникот се наведува дека сите три жртви биле вработени „во еден од критичните инфраструктурни објекти“, а гранатираните објекти претрпеле значителна штета.

Градските служби прават се за да ги отстранат последиците од вонредната состојба и привременото исклучување на струјата и водата во одредени области на главниот град.

– Работиме напорно на отстранување на последиците од ситуацијата. Ги молам жителите на Киев да ја третираат оваа ситуација со разбирање, рече Кличко.

Тој ги повика сограѓаните и сопствениците на бизниси во Киев да штедат струја.

Според прелиминарните информации, три руски проектили погодиле објект за снабдување со електрична енергија на левиот брег на Киев.

Руски медиуми пренесуваат дека руските војници извршиле напади врз енергетската инфраструктура на реките Днепар, а градот изгубил струја и вода по ракетните напади.

Поради руските ракетни напади, и Житомир остана без струја и вода, а низа експлозии ги потресоа градовите Харков и Криви Рих.

Еден човек загина во синоќешните ракетни напади врз Николаев, а градот остана без струја.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски