Кличко: Нашите проценки се различни од американските

Од:

И покрај предупредувањата од западните лидери за скорешен руски напад, градоначланикот на Киев, Виталиј Кличко вели дека украинската проценка на ситуацијата е поинаква од онаа на американскиот претседател Џо Бајден кој рече дека смета оти во следните неколку дена ќе има инвазија.

Зборувајќи за „Би-би-си“, Кличко вели дека украинските безбедносни служби му кажале дека руските сили се на истите позиции на украинската граница. Додава дека сега е позагрижен во однос на пред една седмица и дека населението во источна Украина било многу вознемирено по нападите во четвртокот наутро кога беше погодена градинка.

„Се надеваме дека овде, на безбедносната конференција во Минхен ќе најдеме решение. Дипломатијата е само еден од начините во оваа чудна ситуација“ – вели Кличко.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков