Клапер предупреди на опасност од помали кибер напади во САД

Од:

Континуирани кибер напади со послаб интензитет, преставуваат поверојатна опасност за САД, отколку потенцијалниот дигитален Армагедон, оцени денеска шефот на американската Национална разузнавачка служба, Џејмс Клапер.

Американските власти со години предупредуваат на можен „кибер Перл Харбор“, кој би можел да ги изгасне финансиските мрежи, да ги затруе изворите на вода или да го прекине дотокот на електрична енергија.

Клапер меѓутоа изјави дека американските безбедносни агенции се насочени повеќе кон послаби, но постојани напади, кои со текот на времето би можеле да нанесат штета.

– Наместо сценариото на кибер Армагедон, кој би ја ослабнал целата инфраструктура на САД, предвидуваме нешто друго, серија послаби умерени кибер напади, од разни извори, во текот на подолг временски период, кои малку по малку ќе им нанесуваат штета на економијата и националната безбедност на САД, рече Клапер.

Тој потсети дека минатата година првпат на американска територија беа изведени деструктивни кибер напади од други земји.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД