Кјуриозити на Марс откри карпа со ист состав како карпите на Земјата

Од:

Роверот „Кјуриозити” открил на Марс карпа со необичен состав, која досега не е пронајдена на црвената планета, но спаѓа меѓу познатите карпи на Земјата.

Пирамидалното парче карпа настанало од магма богата со вода, која постепено се ладела под висок притисок, наведуваат научниците.

„Ваква карпа може да се најде секаде на Земјата, на океанските острови како Хаваите, Света Елена и Азора, како и во раседите како Рио Гранде. Карпата не е честа, но е добро позната”, изјави координаторот на мисијата од калифорнискиот Технолошки институт Едвард Стоплер.

Карпата е пронајдена на Марс пред три недели, но на почетокот се мислело дека нема поголема научна вредност.

На почетокот беше користена за тестирање на роботските технички системи, но научниците потоа обрнале внимание на нејзиниот состав.

Тие заклучиле дека во карпата има многу натриум и калиум, а малку елементи како магнезиум и железо. Во тоа има повеќе поклопување со карпите на земјата, отколку на Марс.

„Кјуриозити” во август се спушти во екваторијалниот кратер Гејл, а од тогаш поминал околу 500 метри во правец на исток. Во моментот се наоѓа во близина на точката на која на сателитските снимки е воочено присуство на три различни видови терен.

Научниците сметаат дека оваа локација ќе биде добра основа за изучување на геологијата на кратерот.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата