Ќерката на Чавез претставник на Венецуела во ОН

Од:

Со повеќе од милион следбеници на „Твитер“ и без дипломатско искуство, ќерката на покојниот венецуелски лидер Уго Чавез дебитираше вчера како заменик постојан претставник во ОН.

Марија Габриела Чавез се појави вчера на „Денот на солидарноста“, кога Сирија, Русија и други држави се здружија против САД поради неодамнешните санкции против седум високи службеници на оваа социјалистичка држава.

Ќерката на Чавез на позицијата е поставена во август со големо противење на опозицијата во Венецуела. Марија Габриела беше неофицијално прва дама на својот разведен татко, кој има четири деца. Таа го придружуваше на службените патувања и присуствуваше на официјални настани.

Марија Габриела Чавез има дипломирано новинарство, но со многу мало искуство. Според аналитичарите нејзиното поставување за претставник во ОН е обид на претседателот Николас Мадуро да ги зајакне своите врски со популарниот поранешен лидер.

Венецуела годинава го презема двегодишното место во Советот за безбедност на ОН.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот