Ќерката на „архитектот на Третиот рајх“ доби награда за поддршка на еврејските уметнички

Од:

Ќерката на Алберт Шпер, кој е познат како „архитектот на Третиот рајх“, Хилде Шрам доби награда за поддршка на проекти на еврејски уметнички.

Шпер прво бил Хитлеров архитект, а потоа и министер за вооружување во нацистичката Влада. Ја преживеал војната, но сепак отслужил казна затвор од 20 години поради својата улога во нацистичкиот режим. Почина 1981 година.

Шрам (82), во 1994 година основаше сопствена фондација, и тоа со парите заработени од продажба на три уметнички дела што ги наследила од нејзиниот татко, а за кои се сомневала дека се одземени од еврејски семества. Фондацијата потоа финансирала над 150 уметнички и историски проекти покренати од Еврејки.

Фондацијата Обермајер секоја година доделува награда на Германци кои имаат значаен придонес кон зачувувањето на наследството на германските еврејски заедници.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина