Ќерка го обвини таткото за убиство на 70 жени

Од:

Полицијата во Ајова започна истрага откако Луси Студи го обвини нејзиниот татко Доналд за убиство на 70 жени.

– Знам каде се телата – и рекла Луси на полицијата.

Таа тврди дека нејзиниот покоен татко, Доналд Дин Студи, бил сериски убиец кој со години убивал жени. Овој покоен фармер наводно ги принудувал своите деца да му помогнат да ги фрли женските тела во бунар, изјавила Луси во полициската станица.

Таа рече дека нејзиниот татко бил алкохоличар кој сакал да убива жени.

Локалниот шериф потврди дека кучињата трагачи откриле најмалку четири можни места за масовни гробници на нивниот имот.

Доналд почина во 2013 година, а обвинет е за убиство меѓу 50 и 70 жени, како и за убиство на двајца мажи.

Двете негови сопруги починале, а полицијата соопшти дека и двете извршиле самоубиство. Едната се задавила со сајла, а другата се застрелала.

Доколку обвиненијата на неговата ќерка се покажат како вистинити, Доналд ќе стане еден од најмасовните убијци во САД.

Луси тврди дека сите жени кои ги убил имале темна коса, светла кожа и дека повеќето биле на 20-ти и 30-ти години. Таа тврди дека сите жртви биле закопани облечени и со накит, а потоа додала дека нејзиниот татко сакал да ги чува златните заби на жртвите како трофеи.

-Кога дојде дома и ни рече да одиме до бунарот, точно знаевме што значи тоа. Секогаш моравме да молчиме бидејќи се плашевме дека и нас ќе не убие – вели Луси, пишува Дејли Меил.

Шерифот на округот вели дека и верува на Луси дека има тела во бунарот на имотот. Имотот во Ајова каде што живеел Доналд сè уште не се третира како место на злосторство бидејќи сè уште не е пронајдено никакво тело.

Би можело да ве интересира

Го убиле и го запалиле телото за да му украдат 6000 денари, притвор за браќата од Луке

Катерина Ѓуровски

Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одзедоа и мојот живот

Предраг Петровиќ

Уапсени за убиството во селото Луке, двајца го ликвидирале и запалиле соседот

(ВИДЕО) Сестрата на Теодора: Само две години за тој што ја уби, колку вреди животот во Македонија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке убиле соселанец, па го закопале во дупка