Ќе се гради мост меѓу Саудиска Арабија и Египет на Црвеното Море

Од:

Саудискиот крал Салман соопшти денеска дека ќе се гради мост преку Црвеното Море, што ќе ги поврзува Саудиска Арабија и Египет.

Станува збор за прва директна копнена врска меѓу двете земји, кои сега се соседи преку Црвеното море на кое и двете излегуваат.

Откривањето на детали за овој голем градежен зафат, уследи на вториот ден од посетата на саудискиот крал на Египет и неговите разговори со својот домаќин, египетскиот претседател Абдул Фатах ал Сиси.

Според кралот Салман, мостот треба да помогне за потикнување на трговските врски межу двете земји.

Претседателот Сиси откри дека е постигнат договор, мостот да го носи името на саудискиот крал.

Саудиска Арабија и Египет се блиски сојузници.Ријад прв ја призна и подржи новата египетска власт, по тргањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси, а финански го помагаше Египет откако западните сојузници ја прекинаа помошта, по соборувањето на исламската власт.

Египетската армија сега е дел од ѓироката арапска, сунитка коалиција, предводена од Саидиска Арабија во војната со шиитските бунтовници во Јемен.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Се урна зграда во Египет, загинаа најмалку 10 луѓе

А1он

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД