Ќе има нови мерки од САД против Русија доколку употреби хемиско оружје

Од:

Русија ќе се соочи со дополнителни мерки од САД доколку употреби хемиско оружје при нападите врз Украина, предупреди денеска американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас-Гринфилд.

– Русите се тие кои употребувале хемиско оружје и ние сме загрижени дека би можеле да го употребат истото оружје и во Украина. Бевме јасни дека ако ескалираат на тоа ниво, агресивно ќе одговориме на она што го прават. Ги видовте досегашните последици од нашите акции против Русија и Путин и тие ги чувствуваат тие последици. И уште повеќе ќе ги почувствуваат доколу ја донесат таа несреќна одлука да употребат хемиско оружје, истакна Томас-Гринфилд за Си-Ен-Ен.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џозеф Бајден, исто така, предупреди дека Русија ќе плати висока цена доколку употреби хемиско оружје во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков