Ќе има ли потреба од миротворци во Украина?

Од:

Независимаја газета – Москва

Претседателот на Украина Петро Порошенко, зборуваше во Минхен против иејата за меѓународна операција за поткрепа на мирот во неговата од војна поделена земја. Од една страна, распоредувањето на меѓународен контингент според него не е времена мерка, затоа што ќе биде потребно уште барем половина година, а дотогаш „украинскиот народ и така ќе гине заради дејствијата на агресорот“. Од друга страна, тој смета дека „меѓународниот мониторинг на границите на Украина е доволен за да се обезбеди “барем една недела мир и стабилност“.

Истовремено, Порошенко неодамна во едно интервју изјави: „Не сакам тука да престојуваат окупациски војски, а нема основа да присуствуваат ни миротворци, затоа што Украина може самата да ги контролира своите граници“. Накратко, не ми е баш јасно: дали нема потреба од меѓународен контингент затоа што тој ќе задоцни, или пак е потребно некакво меѓународно присуство за набљудување на границата, и последново исто така не е нужно затоа што Украина може и без странска помош да ја нагледува „цртата“? Покрај ова, Порошенко по примерот на некои западни политичари категорично изјавува дека е неприфатливо конфликтот да биде замрзнат – и како резултат на тоа да му остане нерешен конфликт во државата.

Побаран минатиот април од Независимаја газета, авторот (кој тогаш побара анонимност) фантазираше какви начини знае да биде средена кризата, која пламна во југоисточна Украина: за да не се стигне до крвопролевање, „прво треба да се повика Русија како најблиска од државите, способни да спроведат миротворни операции (како Франција кога не одбива да учествува во африканските земји, како од неодамна и Италија – во Албанија, или пак Австралија во Источен Тимор, и тоа не со согласност на домаќините), за да ги раздели завојуваните страни, а после ќе дочека и други учесници во операцијата. Може да се почека со официјализирањето – да се донесе до краен датум резолуција во Советот за безбедност“.

Овие размислувања се до голема мера застарени – насилството одамна прерасна во ситуација која во меѓународното право се нарекува „вооружен конфликт од немеѓународен карактер“. Значи, кажано со јазикот на Женевската конвенција за заштита на жртвите од војните, веќе не станува збор за „случаи на нарушување на внатрешниот поредок или возникнување на состојба на внатершни тензии или бранувања како судири, метежи, одделни спорадични чинови на насилство и други аналогични дејствија“. Страните во конфликтот немаат можност ниту да извојуваат убедлива победа, ниту пак да се наклонат на сопирање на воените дејствија дури и ако се откажат од некакви цели или решат да не се надеваат на зацртаниот успех. Завојуваните страни имаат се потешки загуби, уште повеќе се множат жртвите меѓу обичното население, разрушена е основната инфраструктура, а обичниот живот е само спомен.

Ситуацијата доста потсетува на периодот кога се распаѓаше Југославија – од 1991-1995 година – посебно ситуацијта во Босна и Херцеговина и во помал степен во Хрватска: ослабената и растурена власт во престолнината со надеж ја очекува ветената финансиска и материјална подршка од надвор, феудалните кнезови локално си ги тераат своите интереси, а меѓу нив се востаниците вровени во земјата која ја сметаат за своја и се надеваат на подршка од соседот зад најблиската граница.

Продолжувам да сметам дека реален потенцијал брзо да започне операција за сопирање на вооруженот конфликт и стабилизирање на ситуацијата има токму Русија, која има не само ресусри за таа цел, туку и намера за тоа. Според мене, нашите војници би можеле да најдат заеднички јазик со командантите од двата табора, затоа што меѓу нив можеби останале луѓе кои некогаш биле дел од вооружените сили. Веќе со години работам во меѓународна организација и гледам секој ден колку ефикасно работат заедничи руски и украински офицери, кои претходно служеле или во војските или во службите за внатрешен ред во своите земји.

Всушност, замислете си што ќе значи за денешната ситуација ако пратиме во соседната држава руски воен контингент, дури и ако би ги раздвојувал завојуваните страни и ја сопре војната, пред да мине следната „седмица“. Таквите победнци во денес ќе ги осудат – и тоа како!

Во идеален случај за миротворна операција под знамето на ОН е неопхподно да бидат согласни страните во конфликтот и Советот за безбедност да донесе резолуција со која ќе се определи нејзиниот мандат. Во реалниот живот, како што веќе рековме, се случува и друго. Ако на пример Русија и Франција успеат да се разберат за параметрите на таквата резолуција и како сојузник да ја придобијат и Кина, тогаш другите две постојани членки на советот – САД и Обединетото Кралство, би требало само да се воздржат или да не учествуваат во гласањето, за да биде донесен тој документ (кој треба да го подржат уште шест непостојани членки). Некако ми се чини дека во тој случај би можело да се дојде до согласност од страна на Киев, Доњецк и Луганск.
Неопходни ли се шест месеци за развој на таквата операција? Ако не беше априори отфрлена идејата за испраќање на челен руски контингент, во идеален случај за примена на мерките во рамките на Системот за стендбај договорот во ОН, контингентите треба да стапат на дотична сцена за еден до три месеци откако ќе биде донесена резолуција во Советот за безбедност. Слични договори со Секретаријатот на ОН имаат најмалку 90 држави кои дале информаци какви ресурси, техника и логистички средства можат да обезбедат.

ОН всушност понекогаш користи боева и друга техника од земји членки на онова на наем и не еднаш тоа се случило во источноевропските држави. Тие содржат, како што се дознава, користени бетеери и камиони, не сосема погодни за непрекината употреба во директна акција за кои добиваат не само наменина, туку и исплата за амортизација. Не верувамд дека од двете страни на границата не може да се најдат неколку десетици макар не од најновите, но сосема боево корисни единици со потребната техника, кои само ќе се пребојадисаат во бело.

Но кој би команудвал со војските? Русија и ЕУ не се заинтерсирани, а и Белорусија нема некој посебен интерес од учество во операции со цели батаљони. САД не само што не се заинтересирани, туку едвај имаат и слободни сили; така останува Кина, но таа дава војски за мисии на ОН во земјите каде има суровински интереси. Затоа пак војски и желба имаат да речеме Аргентина, Фиџи или Пакистан, без да се директно заинтересирани во конфликтот. Миротворци од Пакистан во Украина – некој би рекол дека е тоа апсурдно. Апсурдно – зошто пак да не, штом ниту драмите ниту трагдеиите до ден денес не можат да го сопрат колењето.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“