Ќе донесе ли новата година мир во Сирија?

Од:

БТА – Софија

Над 300.000 загинати, 12 милиони, или околу половината од населението во земјата се принудени да ги напуштат домовите, цели градови во руини, бесповратно загубено светско културно наследство и илјадници ужасни кадри кои го потресуваа светот. Тоа е резултатот од речиси шест-годишниот воен конфликт во Сирија.

Започнат на рбтетот на бранот од Арапската пролет, тој постепено прерасна во вистинска војна која има неколку пластови: граѓанска – меѓу поддржувачите и противниците на кланот Асад, кои со децении управуваа и ја делеа таа земја со невралгична геолопитичка местоположба; регионална – меѓу двете исламски сили на Блискиот исток, сунитската Саудиска Арабија и шиитски Иран – и од нив водените блокови; и своевидна „посредувана“ или „прокси војна“ меѓу САД и Русија, како што напиша весникот Њујорк тајмс во статија од 6 јуни.

Притоа, ако во хаосот бидат вклучени регионалните сили како Турција, курдското прашање и џихадистичката организација Исламска држава, чиј молскавичен подем во 2014 година немаше да биде можен без постоењето на „слободен терен“ во Сирија, конфликтот изгледа уште посложен и тешко решлив. Како што впрочем покажа јаловоста од десетици конференции, стотици средби и илјадници телефонски разговори. Влоговите се претерано големи, особено за некои од „надворешните фактори“ како Русија, Иран и Турција, но и за САД и за Саудиска Арабија за да отстапат.

Како резултат на конфликтот во Сирија, кој не е сосема единствен по својата природа на Блискиот исток, се најде во центарот на вниманието на светот, слично на Шпанија пред 80 години. весникот Индепендент неслучајно предупреди за вознемирувачките паралели меѓу овие две формално граѓански, но всушност „посредувани“ војни меѓу светските сили и се запраша дали Сирија нема да биде навестување на еден глобален конфликт, онака како што Шпанија беше прелудиј за Втората светска војна.

И ако таа констатација на британскиот дневен весник направена на 30 јануари 2014 година останува се уште актуелна и вознемирувачка и денес, скоро три години подоцна, како тогаш низ громогласноста на ракетирањата и бомбардирањата ќе започнат да се формираат идните перспективи за повоена Сирија. Основи за надеж дека 2017 година конечно ќе донесе толку посакуван мир, или барем дека ќе не приближи до него, даваат како брзиот развој на воената ситуација на терен, така и некои дипломатски процеси.

Клучниот збор за мирот е „компромис“ – онаков каков ќе треба да направи секој од факторите во конфликтот, за да се озвомжи оружјата да замолкнат. Како и признанието дека лесни и целосно добри решенија едноставно нема.

Историчарите веројатно ќе го поделат конфликтот во Сирија на неколку етапи. Почетокот на едниот од нив несомнено е директното воено вмешување на Русија на 30 септември 2015 година. Непосредно пред тоа сириската армија се распаѓаше и илјадници бунтовници напредуваа не без помошта на противтенковските ракети доставени од Саудиска Арабија и САД, во реони кои долго време беа сметани за бастиони на режимот. Вмешувањето на Русија му помогна на режимот на Башар Асад прво да ги стабилизира своите расклатени позиции, а потоа да премине во напад. Сега, кога се воспостави целосна контрола врз над Алепо, најнаселениот град во Сирија и економскиот центар на земјата пред војната, е прашање на време за владините сили. ОН е парализирана од ветото на Русија и Кина во Советот за везбедност, а западните сили и арапските сунитски земји не можат да направат којзнае колку повеќе од тоа да ја осудуваат сириската армија и нејзините сојузници.

Бунтовниците се уште држат одделни огништа во цела Сирија, но секој обид за уривање на Асад ќе треба да ја земе предвид реалноста дека тој ги контролира четирите најголеми градови и крајбрежјето на земјата, истакнува Асошиетед прес. Според американската агенција, падот на Алепо ќе биде клучниот удар за опозициските сили и нема да остави особени шанси да си ја повратат иницијативата.

Во анализа од 29 ноември, Франс прес пишува за пресврт во конфликтот – режимот на Асад веќе е во силна позиција.

Од друга страна, тврдењата на некои аналитичари дека Русија ја добива „посредничката војна“ против САД во Сирија се или избрзани или преувеличани. Други нивни колеги го истакнуваат заклучокот дека режимот на Асад е силно зависен од Москва и дека руската армија може да заглави во конфликтот.

Спротивностите во Сирија освен тоа треба да бидат разгледувани само како елемент од американско-руската конфронтација. А во поопширен план, перспективите пред Русија не се сосема толку розови – земјата е исклучително изолирана на меѓународната сцена и поднесува тешки штети од економските санкции и ниските цени на нафтата.

Но да се вратиме кон Сирија. Бунтовничките групации, вклучувајќи ги и исламистичките, продолжуваат да контролираат реони долж границата со Турција на север (во провинциите Идлиб и Алепо) и со Јордан на југ (Дараа). Тие може и да не се доволно силни за да го пресвртат текот на војната, но располагаат со канали за снабдување и затоа тешко дека ќе бидат конечно неутрализирани.

Поддржани од Турција, бунтовниците освен тоа ја започнаа офанзивата за преземање на бастионот во Сирија на Исламска држава, градот Рака. Падот на престолнината на „калифатот“ изгледа е прашање на време и исто ги насочува погледите кон дипломатскиот фронт на кој се очекува да биде исцртана иднината на Сирија.

Најважниот развој од таму во годинава која заминува изгледа е оформениот сојуз меѓу Русија и Турција. На спротивставени позиции во врска со конликтот во Сирија, Москва и Анкара во пракса ги замрзнаа односите по урнувањето на рускиот бомбардер од турските ловци во реонот на сириско-турската граница во ноември минатата година. Обвинувани за авторитарзам од Западот, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот туски колега Реџеп Таип Ердоган повторно си подадоа рака.

Врз основа на се почестите средби и телефонски разговори помеѓу руски и турски лидери, фесникот Фајненшел тајмс на 1 декември откри дека Русија и сириските бунтовнички лидери водат такни преговори во Турција. Тоа не е првата средба меѓу претставници на руските власти и сириската опозиција, но бунтовничката делегација е неочекувано голема – што е знак со кого сметаат опозиционерите дека треба да постигнат договор, истакнува британскиот дневен весник. Показ за тоа е и турското посредништво во преговорите.

Голема неизвесност на дипломатскиот фронт е избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој е непредвидлив и ексценричен. За време на предизборната кампања, тој го фалеше Путин и загатна дека основната цел во Сирија треба да е борбата против Исламска држава.

Тоа предизвика вознемиреност кај главните сојузници на САД во Европа, одбележа Ројтерс. Тие предупредија дека крајот на војната сам по себе нема да биде доволен ако мирот ги признава интересите само на едно малцинство во Сирија и неговите меѓународни покровители, визирајќи ги режимите во Дамаск, Иран и Русија.

Во статија објавена во Њујорк тајмс на 6 декември, американскот дипломат Питер Галбрајт се изјасни против доставувањето на дополнителна воена поддршка за бунтовниците. Една таква помош веќе не би можела да го сврти текот на војната, но со сигурност ќе доведе до смрт на уште повеќе луѓе, аргументира тој. Наместо тоа, Галбрајт повика на соработка со Русија за договарање на повоената иднина на Сирија, што ќе вклучува враќање на бегалците, амнеситија за бунтовниците, отстранување на ретставниците на сириските власти одговорни за најсериозните злосторства, и гаранции под некаква форма за курдите.

На 1 декември, службата на високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, поднесе документ со кој се предлага поголема децентрализација, како еден од клучевите кон смирување, табилизирање и зачувување на целовитоста на Сирија, соопшти Франс прес. Европски дипломат кој побара анонимност, спомна за фактичката поделба на земјата меѓу Русите на запад и антиџихадистичката коалиција на чело со САД на исток.

Така, толку посакуваниот стабилен мир, неминовно минува низ задоволувањето на најважните цели на главните фактори во конфликтот: за Русија тоа значи зачувување на нејзината единствена воена база на Блискиот исток, и на извесен начин, на последниот верен сојузник во регионот; за Иран – заштита на врската со либанското движење Хезболах по шиитска оска која минува преку Иран и Сирија; за Турција – придобивање на воијание во Сирија и парирање на курдските аспирации за независна држава; за САД – паѓање од власт на несаканиот режим на Асад, со изговорот дека допрва треба да ја дознаеме сириската политика на претседателот Трамп; за ултраконзервативцните сунитски монархии од регионот на Персискиот Залив на чело со Саудиска Арабија, смена на власта во Дамаск која нема да подлежи на преговори.

Очигледно најчувствителното прашање и главна пречка пред дипломатското решение е политичката иднина на сирискиот претседател. Постигнувањето на согласност во врска со него звучи како скоро невозможна задача. Имено, тука е неопходен компромис од сите страни – едни слободни избори под меѓународен мониторинг, вклучувањето на сите групи од расцепканото сиирско општество во процесот на донесување на решенија, и една децентрализација по принципот на воена контрола над соодветните територии би биле основата за една поинаква иднина за Сирија. Покрај тоа што заморот од крвопролевањата и заканите од екстремистичките групации би требало да се доволен стимул за соработка.

Исламска држава можеби го губи теренот, но во никој случај не смее да биде отпишана како воена сила, како што се докажа со молскавичнниот напад врз Палмира во последниве денови. Исто е јасно дека организацијата ќе остане сериозна терористичка закана дури и да ги загуби сите територии кои што ги владее.

Но дури и постигнувањето на решение на сирискиот конфликт само по себе нема да биде доволно за да донесе траен мир во земјата. Како „посредувана војна“, Сирија е само една делче, макар и главно, во глобалната конфронтација меѓу Западот и Русија и до регионалниот судир меѓу Саудиска Арабија и Иран. А решавањето на судирите по тие оски, особено втората, изгчледа невозможно, особено по втората, изгледа мевозможно во оваа фаза. Што води до претпоставката дека оние кои се на врвот на глобално и регионално ниво, ќе ја налгаат својата воља во Сирија со сила. Барем во блиска иднина.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска