Кинг: Офанзивата во Мосул може да ги пренасочи џихадистите кон Европа

Од:

Еврокомесарот за безбедност Џулијан Кинг предупреди дека во Европа може да има прилив на џихадисти од групацијата Исламска држава (ИД), доколку нивното упориште Мосул, биде заземено при офанзивата на ирачките владини сили.

Евентуалното освојување на Мосул, упориштетот на ИД во северен Ирак, може повторно да ги насочи припадниците на групацијата подготвени за борба кон Европа, истакна Кинг во интервју за денешното издание на германскиот весник „Велт“.

– Дури и да се малку на број џихадистите веќе претставуваат сериозна закана, за која треба да се подготвиме, со тоа што ќе ја зголемиме способноста да се спротивставиме на терористичка закана, додаде британскиот еврокомесар.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Околу 7.000 деца чии родители се осомничени џихадисти се заробени во кампови во Сирија

А1он

Двајца џихадистички лидери загинаа во амерканска акција во Сирија

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска