Кинеско летало в година ќе се спушти на Марс

Од:

Кина по успешната мисија на темната страна на Месечината планира следната година да испрати вселенско летало на Марс.

Кинеската вселенска агенција (ЦНСА) најави дека ќе испратат летало на Марс во 2020 година, чија задача ќе биде да испита дали е возможно да се испрати човечки екипаж на Црвената Планета.

– Успешно завршената мисија на Месечината значи пресврт во истражувањето на Вселената од страна на кинеските експерти, изјави директорот на ЦНСА, Ву Јанху.

Леталата „Џејд Рабит 2“ (Jade Rabbit 2) и „Чанг Е-4“ (Chang E-4) се првите летала кои се спуштиле на темната страна на Месечината. Сондата „Чанг Е-4“ го доби името по кинеска божица, која живеела на Месечината илјадници години.

Првата вселенска мисија на Кина заврши неуспешно во 2012 година кога леталото што носеше сонда се распадна откако не успеа да влезе во орбитата на Земјата.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала