Кинескиот претседател пристигна кај Путин со бесна кола: Шестметарското чудовиште во кое се вози, носи и познато име

Од:

Кинескиот претседател Си Џинпинг слета во Москва денеска, како лидер на земја која сака да биде потенцијален посредник во постигнувањето мир во Украина и која Русија ја смета за важен сојузник против Западот. Си во Москва го донесе и својот автомобил.

Станува збор за шест метри долга блиндирана лимузина од кинеско производство Hongqi N701, а преводот на името на автомобилот значи „Црвено знаме“

Лимузината Hongqi N701 го замени неговиот стар, речиси идентичен блиндиран автомобил Hongqi N501 што го користеше претходно.

Си е првиот странски лидер што ќе се ракува со рускиот претседател Владимир Путин откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за негово апсење поради депортација на украински деца за време на инвазијата.

Си пристигна во Москва во понеделник попладне, по што беа предвидени „неформални“ разговори со Путин и вечера. Официјални разговори се очекуваат во вторник.

Во написот објавен во Русија, кинескиот лидер напиша дека двете земји се придржуваат до концептот на „вечно пријателство и соработка во корист на двете страни“ и дека предлогот на Кина за мир во Украина ја одразува позицијата на светот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин дадe дозвола: Новото „нуклеарно чудо“ е подготвено

Горан Наумовски

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид