Кинескиот гигант КОСКО заинтересиран за пристаништето Пиреја

Од:

Претседателот на кинескиот гигант во поморскиот чартер превоз КОСКО пристигна во Атина на преговори за приватизација на најголемото грчко пристаниште Пиреја, објави весникот „Етнос“.

За 15 дена се очекува грчката Агенција за приватизација да ги соопшти компаниите што се квалификуваа за следната фаза од тендерот за продажба на компанијата што управува со пристаништето Пиреја.

Пристинувањето на претседателот на кинеската компанија и претходи на  посетата на кинескиот премиер на Атина, закажана за 19 јуни,  а чија единствена цел ќе биде да го поттикне кинескиот капитал кон приватизацијата на грчките државни фирми.

Освен Пиреја, Пекинг пројави интерес и за приватизацијата на меѓународниот атински аеродром „Елефтериос Венизелос“ и грчките железници. Кинеско присуство, исто така, има и во конзорциумот од фирми, што ја презедоа реализацијата на проектот за концесија на стариот аеродром „Елиникон“, крај Атина.

На крајот на минатата година компанијата што управува со пристаништето Пиреја и КОСКО го усогласија конечниот текст од спогодбата што предвидува кинески инвестиции од 230 милиони евра во грчкото пристаниште. Договорот следеше по меморандумот за соработка, што двете страни го потпишаа во јуни 2013 година.

Кинескиот гигант веќе оперира на два терминала од пристаништето Пиреја и планира да изгради и трет, преку кој ќе минуваат значителен дел од кинеските стоки за Европа.

Досегашните инвестиции на КОСКО изнесуваат околу 700 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

НАТО го предупреди Пекинг: Не и помагајте на Русија

Автобус удри во толпа ученици и родители во Кина: 11 лица загинаа, меѓу кои и пет деца

Горан Наумовски

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски