Кинески милионер нахрани стотици бездомници

Од:

Кинескиот тајкун, Чен Гуангбиао познат по ексцентричното однесување приреди свечен и богат ручек за повеќе стотици бездомници, во еден ресторан во Централ Парк во Њујорк.

Како што пренесе „Асошиејтед прес“ човекот кој своето богатство го спечалил благодарение на бизнис со рециклирање, им ветил дека за секој од нив ќе донира по 300 долари.

chenGuengibao

-Јас не сум роден во богато семејство или семејство на државни официјални лица. Кога имав четири години, моите брат и сестра починаа поради глад. Успехот го постигнав благодарение на тешката работа и мотивација- рече тој.

Се претпоствува дека богатство на овој Кинез, кој преку весници на ручек повикал илјадници сиромашни Американци, изнесува 750 милиони долари.

Инаку Чен во јавноста се смета за ексцентрична личност поради своите понекогаш тетрални настапи. Тој во вторник во Њујорк делел по сто долари на секој минувач, на кој според него му биле потребни пари.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина