Кинески хакери украле тајни информации за американската противракетна одбрана!

Од:

Кинески хакери во неколку сајбер-напади врз компјутерските системи на безбедносните сили на САД успеале да украдат тајни информации за американски оружја, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извештај на Научниот совет на Пентагон (ДСБ).

Според весникот, сите украдени тајни информации Кина може да ги искористи за развој на сопствени воени системи и оружја.

Во рацете на кинеските хакери, меѓу останатото се нашле податоци за противвоздушниот ракетен систем „Патриот ПАЦ-3“, за противракетниот систем ТХААД, за поморскиот информациско-команден систем „Иџис“, за ловците Ф/А-18 „Супер Хорнет“ и Ф-35, за повеќенаменските хеликоптери УХ-60 „Блек Хок“ и за воените бродови ЛСЦ, наведува „Вашигтон пост“.

ДСБ дирекно не ја обвинува Кина за кражба на информациите, но извори во Пентагон тврдат дека обвинувањата изнесени во извештајот се однесуваат на една кинеска компанија чии активности се насочени кон кражби на американски воени тајни.

Според весникот, кој се повикува на изјави на аналитичари, најверојатно станува збор групацијата „Комент Кру“ со седиште во Шангај.

Би можело да ве интересира

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36