Кинески дрон соборен во Украина

Од:

Додека се возевме длабоко во шумата, тишината меѓу високите борови и чистото сино небо се кршеше на секои неколку секунди од звукот на далечните експлозии на линијата на фронтот во источна Украина. Украинските војници на крајот не доведоа пеш низ шумата до чистината и ни ги покажаа остатоците од вооружениот дрон, за кој рекоа дека го собориле со своето автоматско оружје АК-47 за време на викендот, пишува Си-Ен-Ен.

Дронот беше Mugin-5, комерцијално беспилотно летало направено од кинески производител со седиште во пристанишниот град Ксиамен, на источниот брег на Кина. Некои технолошки блогери велат дека таквите уреди се познати како „Алибаба-дронови“ бидејќи биле достапни за до 15.000 долари на кинеските комерцијални веб-страници како Alibaba и Taobao.

Mugin Limited потврди за CNN дека тоа е нивниот авион: „За жал“. Тоа е најновиот пример на цивилно беспилотно летало кое е доградено и вооружено за руската инвазија на Украина, што е знак за брзо менување на моделите на војување.

„По линијата на фронтот, ние цело време спроведуваме воздушно извидување“, рече 35-годишниот борец на украинската територијална одбрана Максим.

Ноќта од петокот кон саботата, Службата за безбедност на Украина (СБУ) потврди за Си-Ен-Ен дека нивните агенти лоцирани на територијата под контрола на Русија предупредиле дека од тоа место кон украинската цел е лансиран беспилотен авион.

СБУ потоа прогласи тревога за единици со седиште во источна Украина, во близина на градот Славјанск.

Околу 2 часот во саботата наутро, борците на 111-та бригада на територијалната одбрана на Украина слушнале беспилотно летало над нивните глави, па дури и виделе светло кое трепка на леталото.

„Следејќи го звукот и сигналното светло, војниците непрекинато пукаа и го соборија дронот“, рече Максим, додавајќи дека дронот летал многу ниско, доволно за да биде соборен со лично оружје.

Додека бил на шумското дно, на предниот дел на уредот била видлива дупка од куршум што го оштетила и го урнала. Во близина, војниците, исто така, им покажаа на новинарите на CNN мал кратер во земјата создаден од товарот на дронот – бомба тешка приближно 20 килограми, која подоцна безбедно ја активираа.

Би можело да ве интересира

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Трајна неутралност на Украина, воени ограничувања за Киев, што бара Путин за да договри примирје со Трамп

Ќе загубиме ако САД ја прекинат воената помош вели Зеленски

Катерина Ѓуровски

САД ја затвори амбасадата во Киев: „Добивме информации за потенцијален напад“

Катерина Ѓуровски