Кинеската полиција ослободи киднапиран милијардер

Од:

Кинеската полиција го спаси милјардерот Хе Сијангжан, кого од вчера киднапери го држеа во заложништво под закана дека ќе активираат експлозив. Кинескиот бизнисмен е спасен откако неговиот 55-годишен син успеал незабележано да се извлече од куќата и да ја преплива блиската река за да ја извести полицијата.

Основачот на најголемиот светски произведувач на домашни апарати, Мидеа груп, кој е шести најбогат човек во Кина и 41. во светот со вкупно богатство од околу 25 милијарди долари, беше држен како заложник во луксузна вила во Фошан, во близина на Хонг Конг. Полицијата, која вчера попладне била информирана за настанот, успеала рано утрината да го ослободи бизнисменот, при што се уапсени шест осомничени лица.

Во полициското соопштение се наведува само презимето на жртвата – Хе, но неколку кинески весници и портали потврдија дека станува збор за 78-годишниот милијардер. Мидеа, преку социјалните медиуми  се заблагодари на полицијата, но не потврди дека Хе е жртва на злосторството.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он